Loading Video...
Кошарка
15. April 2022 - 18:03
Со поддршка од „Фемили Аеродром“ МЗТ преку Широки бркаат финале во АБА 2 лигата
Во СЦ „Јане Сандански“ се одржува завршниот турнир од АБА2 лигата, кој треба да го даде и патникот во елитната конкуренција следната сезона.
Денеска на програмата се полуфиналните дуели.
Македонскиот фаворит, и актуелен шампионот тимот на МЗТ Скопје Аеродром кој ја мина првата пречка, совладувајќи ја црногорската екипа Сутјеска во четвртфиналето, сега за противник во полуфиналето ќе го има босанскиот претставник Широки Бријег
Ова ќе биде втор дуел со Широки сезонава, кој МЗТ Скопје веќе еднаш го совлада и тоа на турнирот чиј домаќин беше токму Широки. Аеродромци тогаш славеа победа со 91-78.
Тој натпревар беше и деби за Александар Петровиќ во АБА лигата на кормилото на МЗТ. Искусниот стратег верува дека со големата поддршка од навивачите, МЗТ е непобедлив.
Ако пред два дена беа бодрени од речиси три илјадната публика, вечерва за очекување е аеродромци уште поголема поддршка. Впрочем вчеравечер нивната навивачка група „Фемили“ ја прослави 25-годишнината од постоењето и најави дека вечерва ќе приреди вистински „пекол“ за противникот на сино-белите.
Дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Шроки Бриејг ќе започне во терминот од 21 часот,
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->