Македонија
21. October 2026 - 9:23

Собранието и МАНУ со договор за уредување на меѓусебните односи

Собранието и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе потпишат колективен договор со кој треба да се уредат меѓусебните права и обврски на двете институции.

Потпишувањето ќе се одржи во Законодавниот дом, а во име на Собранието документот ќе го потпише претседателот Африм Гаши.

Со потпишувањето се очекува да се формализира договорената рамка за односите меѓу двете институции. Повеќе детали за содржината на документот и неговото значење се очекува да бидат соопштени на настанот.