Собранието ќе ја одржи 81. седница

Собранието денеска ќе ја одржи новата 81. пленарна седница, на чиј дневен ред се 10 точки.
Пратениците ќе расправаат за Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, Предлог на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, и двата по скратена постапка.
Исто така, пред пратениците се и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2026 година, Предлог на одлуката за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година и Предлог на одлуката за давање на согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2026 година.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
