Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност

Собранието денеска треба да продолжи со работа по 111. седница.
На дневен ред на седницата се Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди во прво читање, Предлог на законот за високото образование во прво читање, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката во прво читање, Предлог на законот за научноистражувачката дејност во прво читање, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, Предлог кандидат за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
Пред пратениците се и годишни извештаи на неколку институции - Годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2025 година и ревидирани финансиски извештаи за 2025 година, Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година.
На денешната пленарна седница по скратена постапка се Предлог на законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
