Собранието повеќе паузира, а помалку заседава
Само 10 минути траеше работната сесија на пратениците во првиот дел од работниот ден. Седницата наместо во 11 часот почна на пладне,но само што почна поради процедурална забелешка за материјали кои треба да се преведат на албански јазик беше дадена пауза која траеше повеќе од два часа.
Ова не е прва и единствена слика за тоа како работи новиот парламентарен состав. Со доцнење од неколку часа работат и собраниските комисии, а паузите се почести и подолги од дебатите на на народните избраници. Причината се процедурални забелешки, различни толкувања на Деловникот, барање за присуство на министер кој предложил законско решение, здравствнеите протоколи за КОВИД, но и често немање на кворум.
Според опозицијата причина за нефукциналниот парламент е тенкото мнозинство на власта и неорганизираноста.
Од владејачкото мнозинство пак, бараат разбирање бидејки се работело за нов состав, но и тврдат дека Собранието сепак добро работи.
Додека седниците и комисиите тешко се одржуваат, во Собрнаието во последните 24 часа пристигнале над 130 законски решенија. Голем дел од нив се препратени од претходниот парламентарен состав како усогласување на законот за прекршоци но и за новото уставно име. Тука за закони од областа на здравството и јавното здравје, законите за пасош и лична карта, закон за прекин на бременоста, закон за трговски друштва, закон за полиција.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
