-->
-->
Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-->

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе го одбележи 5 Мај - Денот на македонскиот јазик и јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески.
Поздравно обраќање на отворањето на настанот ќе имаат Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам, и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието.
Тематски обраќања за важноста на изучувањето на македонскиот јазик во образованието, со осврт на граматиката на Кепески, ќе имаат пратеничките Даниела Христова, Иванка Василевска, Велика Стојкова-Серафимовска и Бисера Костадиновска-Стојчевска и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
