Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, утре ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот „Прохор Пчински“.
Во Скопје, собраниска делегација предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, заедно со пратениците Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи цвеќе на споменикот на Никола Карев, на споменикот на АСНОМ и на споменикот на Методија Андонов - Ченто.
Паралелно, делегација на Собранието во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески ќе положи цвеќе во Крушево: на гробот на Никола Карев, споменикот на хероите од „Слива“, а потоа ќе присуствува на панихида во храмот „Св. Никола“ и на централната прослава на „Мечкин Камен“.
Ново на Сител
-
ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа
-
Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин
-
24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
-
Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина
-
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа
-
Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор
-
Сончево и топло до 37 степени