Солун и островите Скијатос, Скопелос и Алонисос се поврзаа со бродска линија
Меѓу 36,70 и 115,20 евра по патник во еден правец чини билетот за траектот од Солун до Скијатос, Скопелос и Алонисос, цена што сменува во зависност од категоријата на билетот и изборот на островот, а бродската линија од денеска одново е во функција и е воведена за летниот период.
Првиот траект од Солун за северните Споради тргна утрово, планирано е да сообраќа три до четири пати седмично и линијата да работи до средината на септември.
Доколку се анализираат цените на официјалниот сајт на компанијата, за Скијатос билетот за патниците во еден правец е меѓу 36,70 и 113,30 евра, а за автомобил 83,30 евра додека патувањето трае три часа и 10 минути.
За островот Скопелос, патувањето е за 40 минути подолго, билетот е од 40,30 до 115,20 евра, а за автомобил 98,40 евра.
Од Солун до Алонисос картата за траект е од 48 до 115,20 евра за патниците и 107,10 евра за автомобилите, а патувањето трае четири часа и 15 минути.
Според солунските медиуми цените оваа година се идентични како и лани.
Градоначалникот на Скијатос Тодорис Ѕумас минатиот месец преку социјалните мрежи информираше дека „по неколкумесечни напори, одобрено е финансирање на морското поврзување помеѓу Солун и северните Споради“.
Ново на Сител
-
Се следи состојбата со цените на пазарот
-
Трамп не се согласува со американските разузнавачи за штетата врз нукеларните капацитети на Иран
-
Доживотна казна затвор за убиството на Вања и Панче, ослободителна пресуда за Ѓорчевски
-
Инфраструктурни и медицински проекти на Детската клиника
-
НАТО Самит во Хаг
-
Славески препорачува намалување на банкарските провизии
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква