Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.
МИА
Ново на Сител
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%