Македонија
20. October 2026 - 8:06

Сончево со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од утре попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд.

Според највите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи.

До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност.

Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.

 

МИА

Ново на Сител