Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Под влијание на циклонска активност во четврток ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
МИА
Ново на Сител
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
