Македонија
17. October 2026 - 8:11

Сончево време со умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.

 

МИА