Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките

Изминатите денови сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките, со појава на цветови. Оваа фаза е особено изразена кај коскестите видови, кои вообичаено први се будат и тоа најмногу кај оние во јужните краишта и Повардарието, велат агрометеоролозите од УХМР.
Според нив, ова е период кога може да се засее пролетна сорта на јачменот, а тополото време е погодно и за останатите, вообичаени активности во поле.
-Кајсијата во Свети Николе на некои места веќе се наоѓа во фаза на општо цветање. Таа е топлољубиво растение, рано цути, често може да страда од пролетни мразеви и затоа треба да се сади на погодни локации на издигнати положби со добра воздушна дренажа, со цел штетите од мраз да бидат помали. Кај некои од поледелските култури како што е пролетна сорта на јачменот, ова е период кога може да се засее, рано напролет, во почетокот на март. Тој 'рти на 1 до 3°C. Отпорноста на ниски температури зависи од сортата. Слабозакалените растенија можат да измрзнат и на -10 до -12°C, објаснуваат агрометеоролозите.
За време на викендот и до средината на следната недела, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време.
-Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ваквите временски услови се добредојдени за изведување работи во поле, што ќе им овозможи на земјоделците да ја вршат и понатаму резидбата на виновата лоза и овошките - отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња), како и да ги подготвуваат површините во пластеничкото производство и да ги прихрануваат есенските посеви. Времето е погодно и за подговотвка на почвата за сеидба на раните пролетни култури, за садење одредени раноградинарски култури, како и за други агротехнички мерки, наведуваат агрометеоролозите од УХМР.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
-

Приведен лажен лекар од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за 300.000 денари
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
