Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол

Осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол биле откриени при засилена сообраќајна контрола спроведена во текот на ноќта меѓу 17 и 18 октомври на подрачјето на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, при што четири лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, акциската контрола била реализирана од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во периодот од 21 до 3 часот, со акцент на санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
При контролата биле откриени осум возачи под дејство на алкохол, а тројца од нив биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, откако кај нив било утврдено присуство на повеќе од 1,50 промили алкохол во крвта.
Од слобода било лишено и уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, затоа што управувало возило без возачка дозвола.
Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на граѓаните. Министерството апелира до возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол и доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
-

Венс: Потезите на американската администрација во економијата и кон Иран ќе донесат придобивки во иднина
-

Приведен 18 годишен кумановец, при претрес во неговиот дом пронајдено е оружје
-

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот
-

Бобан Илиоски со спектакуларно деби во „Глори 110“ – го нокаутира фаворитот уште во првата рунда!
-

Браун: Леброн е најдобриот кошаркар на сите времиња, чест е да се игра со него
