-->
-->
Сообраќајна несреќа во Велес, воз удрил во автомобил, нема повредени
-->

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин на Регионален пат Велес - Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 годишниот К.З.од Скопје.
Во несреќата нема повредени лица, информира утрово Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Инаку патниот сообраќај за време на вршење на увидот се одвивал наизменично во двата правци, а железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 09.34 до 10.45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
