Сообраќајни експерти предупредуваат - Експресниот пат Штип-Кочани не е безбеден
Седум жртви и десетина тешко и лесно повредени е црниот биланс за 2024-та година на експресниот пат Штип-Кочани. Според експертите за сообраќај оваа статистика укажува дека, патната делница, која е главна собраќајна артерија за поврзување на истокот со централниот дел од државата, не може да се смета за безбедна.
- Многу ризична и не безбедна делница, една од најнебезбедните во Р. Македонија, на која за краток временски период, за жал се случија многу сообраќајни нескреќи и многу од нив завршија со повредени и загубени човечки животи. Ова е итна работа која треба да се преземе со координација межу инстируциите, сет на мерки, затоа што е комплексен проблемот, изјави Јован Шоповски, универзитетски професор
Не експертскиот панел „Безбедносни ризици на експресниот пат Штип _Кочани“, беа истакнати неколку критични точки на кои се случиле најповеќе несреќи, беа наведени технички недостатоци кои треба итно да се решат, но се потенцираше и непочитувањето на сообраќајните знаци и неприлагодената брзина од страна на возачите.
- Експресниот пат не е автопат, но често се корсити како автопат и се претекнува на непрегледни места и покрај тоа што доаѓаат возила од спротивна насока и потенцијално влегуваат во директен судир. Значи, начинот на возење се уште е непознаница кај голем дел од возачите, поради тоа што релативно нов концепт на патишта се ова во Македонија, додаде Шоповски
Како најприфатливо решение беше понуден концептот „2 плус 2”, односно, додавање по уште една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување. Пресметката покажала дека тоа би чинело околу 20 милиони евра, што е минимален износ од аспект на намалување на бројот на човечки жртви.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар