Македонија
18. September 2025 - 13:28

Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило

Во ОВР - Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес. 

Локаторот бил одземен, а на М.Б. му била изречена мерка - забрана за приближување.

 

МИА