Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид ќе биде домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо - Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц-Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.
На регионалниот состанок ќе учествуваат претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачката и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Даријана Филиповиќ, претседателката на Косово, Јустина Широка-Пула, вршителот на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, како и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Според агендата, состанокот ќе се одржи веднаш по официјалниот пречек на лидерите и треба да трае околу час и половина.
Потоа е предвидена заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и претседателите Пирц-Мусар и Милановиќ.
Сиљановска-Давкова ќе има билатерални средби со претседавачката и членовите на Претседателството на БиХ, Цвијановиќ, Беќировиќ и Филиповиќ, со претседателката на Косово, Широка-Пула, како и со вршителот на должноста претседател на Србија, Чупиќ.
Процесот Брдо - Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година од страна на претседателите на Словенија и Хрватска, со цел забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, зајакнување на регионалната соработка и стабилноста.
Покрај Македонија, Словени и Хрватска, во Процесот Брдо - Бриони учествуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
МИА
Ново на Сител
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
