Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи

За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемени за 2,66 проценти, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56 проценти.
- Тоа значи дека дел од растот на малопродажните цени на прехранбените производи и другите производи се зголемуваат поради бруто-профитната маржа која што одредени трговци ја зголемиле оваа година, односно кога се намалиле набавните цени, тие не ги намалиле своите цени, рече Дурмиши.
Дурмиши посочи дека инфлацијата за јуни е намалена за 0,5 проценти, при што цените на храната и безалкохолните пијалаци се намалени за 1,1 проценти, а на транспортот за 1,6 проценти.
- Од друга страна, најновата анализа што е направена, исто така за периодот март-јуни 2026 година, покажува поинаков тренд кај производителите, односно набавните цени пораснале за околу 2,04 проценти, додека продажните цени се зголемиле за само 0,16 проценти. Тоа значи дека трендот на зголемување на бруто-профитната маржа крајните месеци е намален и цените се во стабилна фаза. И за една година се зголемила само бруто-профитната маржа од страна на трговците, но тоа не е за овие крајни месеци. Крајните месеци, од март до јуни годинава, имаме само 0,16 проценти зголемување на бруто-профитната маржа, што покажува дека е во стабилна состојба, рече Дурмиши.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
