Состојба на патиштата
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Струга, Охрид, Делчево, Маврово, и на планинските превои Буково, Ѓавато, Пресека и Плетвар.
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 50м. на планинскиот превој Плетвар.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат
-
Приведени две лица, на отворено палеле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици и да ги продадат
-
23-годишен маж со тврд предмет нападнал двајца роднини на неговат сопруга со која е во бракоразводна постапка
-
Три лица се тепале на паркинг во Ѓорче Петров
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“