Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија

Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски информираше дека по одреден период на отсуство поради здравствени проблеми, повторно се враќа на своето работно место.
Тој во објава истакна дека изминатиот период за него бил сериозно животно искушение, во кое се соочил со здравствен предизвик што, како што вели, го натерал да сфати дека вистинската сила е во тоа човек да се исправи по падовите.
„Со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене претставува лична победа,“ напиша Лукровски.
Тој упати благодарност до заменик-градоначалникот, премиерот Христијан Мицкоски, својот тим во општината, како и до колегите, семејството, пријателите и медицинските лица за поддршката во периодот на закрепнување.
Во објавата Лукровски ги демантираше, како што ги нарече, шпекулациите и лагите поврзани со неговото име, обвинувајќи дека одредени поединци и политички субјекти се обиделе да извлечат политички поени од неговата состојба.
Тој порача дека се враќа со нова енергија и продолжува со работа во интерес на граѓаните и развојот на општината.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
