Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
Безбедносната состојба во Македонија е стабилна и под контрола. Регионалните предизвици не влијаат на земјава, ваков заклучок по тричасовни разговори донесе Советот за безбедност кој го свика претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
И состојбата со пожарите е под контрола. Советот изразил загриженост по се поголемите сомнежи дека пожарите низ државата се намерно подметнати. Ќе се менуваат и законски решенија за справување со кризата. Предложен бил нов проект, современ информативен систем за временски непогоди со вештачка интелегенција за однапред да се предвидат низа ситуации.
Во однос на интеграциите сите се согласиле дека остануваме посветени на реформската агенда и планот за раст. Мора да се почитуваат Копенхашките критериуми и владеењето на правото.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваа сите членови по функција, освен шефот на дипломатијата и началникот на Генералштабот. Поканети беа и директорите на АНБ и Агенција за разузнавање, како и директорот на ДЗС.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар