Совети за долготрајна свежина на цвеќето
Цвеќињата внесуваат посебен шарм, ведрина и радост во секој дом, па доколку жената добие посебен цвет или букет како подарок, можно е на едноставен начин да се зачува неговата свежина и до 10 дена.
Имено, првиот чекор за зачувување на свежината на цвеќето е правилно сечење на стеблото. Тоа треба да се исече под агол од 45 степени, додека сѐ уште е под вода. Оваа постапка го спречува влегувањето на воздух во стеблото, со што се овозможува подобро впивање вода. Корисно е – водата во садот во којшто се чуваат цвеќињата, секогаш да биде свежа. Совет: Менувајте ја секојдневно и за да се спречи развој на бактерии што го забрзуваат гниењето.
Се советува и да се избегнува користење премногу ладна или премногу топла вода. Најдобрата температура на водата за повеќето цвеќиња е собна температура, што овозможува подобра апсорпција на вода и подолг животен век на цвеќето.
Спреј со млако-ладна вода е корисен за ливчињата. Повремено попрскување помага да се задржи влагата на растението. Исто така, треба да го држите цвеќето советот подалеку од овошје бидејќи тоа испушта етилен гас што може да го забрза процесот на гниење.
Како и со промената на водата, неопходно е периодично да се чисти вазната од наслаги на алги и нечистотија.
Исто така, се препорачува вазната со цвеќето да се стави на ладно и темно место, подалеку од директна Сончева светлина, но и провев. Прекумерното Сонце и топлина имаат негативен ефект врз цвеќето. Постудена средина, од друга страна, му помага да остане свежо подолго, пишува порталот „Кликс“.
Покрај тоа, треба редовно да ги отстранувате оштетените цветови и лисја, бидејќи сувите делови го забрзуваат процесот на гниење.
За дополнителна нега на цвеќето, може да се додаде и малку шеќер во водата. Тоа ќе послужи како хранлив извор на енергија за цвеќето. А, малку оцет може да ја одржи водата свежа.
Ново на Сител
-
Му кажала дека мајка ѝ ѝ забранила да се гледа со него па објавил нејзини експлицитни фотографии
-
Општина Карпош: Диво изграден ноќен најавува настапи на Беквалац, Розга и Георгиев
-
Европол разби голема хакерска мрежа
-
Приведен штипјанец кој возел со 1,81 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“
-
Два случаи на мајмунски сипаници потврдени во Македонија
-
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во официјална посета во Скопје
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето и патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј - 24 Мај