Совети за очниот притисок и негово регулирање
Очниот притисок игра клучна улога во одржувањето на здравјето на очите, бидејќи овозможува рамнотежа и стабилен проток на очната водичка, којашто непрекинато се лачи. Зголемениот очен притисок е чест проблем, којшто обично не предизвикува никакви симптоми во почетната фаза. Лицето првично не чувствува болка, нема никакво намалување на видната острина, ниту забележува промени во видното поле.
Како што болеста напредува, се јавува постепено оштетување на оптичкиот нерв. Потоа се јавуваат првите симптоми - заматен вид, стеснување на видното поле и тешкотии при снаоѓање во просторот. Во случај на ненадејно и силно зголемување на очниот притисок, симптомите можат да бидат многу изразени и да вклучуваат силна болка во очите, ненадејно губење на видот, гадење и повраќање. Ова е медицински итна состојба за којашто треба брза интервенција, пишува „Кликс“.
Нормалните вредности на очниот притисок се движат меѓу 8 и 22 ммХг. Сепак, важно е да се нагласи дека „нормалната“ вредност може да варира од личност до личност. Постојат поединци кои имаат повисок притисок без никакво оштетување на видот - оваа состојба се нарекува очна хипертензија. А пак, кога притисокот надминува 30 ммХг, тоа се смета за патолошка состојба и носи висок ризик од сериозно оштетување на очите.
Зголемениот очен притисок се смета за најважен фактор на опасност од развој на глауком, познат и како „зелена катаракта“. Глаукомот е хронична болест што предизвикува постепено оштетување на оптичкиот нерв, а со тоа и губење на видот. Доколку не се открие и третира навреме, болеста може да доведе до трајно слепило. Иако дијагностиката и терапијата се значително напреднати денес, глаукомот останува една од водечките и главни причини за слепило во светот.
Редовните прегледи кај офталмолог се клучни за рано откривање на зголемен очен притисок и спречување на сериозни компликации. Превенцијата и навремениот третман можат да го зачуваат видот и значително да го подобрат квалитетот на животот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа
-
Еден војник загина, а еден е потешко повреден при гаснење пожар во Црна Гора
-
Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато