Совети за пријатни, а штедливи излети, патувања и авантури
Патувањето вон својот град и во друга држава е речиси совршен начин за опуштање, запознавање нови култури и кусо „бегство“ од секојдневниот живот дома. Сепак, финансиските трошоци честопати се пречка поради којашто многумина се откажуваат од планираните патувања. Меѓутоа, со внимателно и промислено планирање, и со вистинските одлуки, патувањето може да бидат значително поевтино. Следат неколку корисни совети за убави излети и авантури, а со заштеда.
Резервирајте ги билетите однапред
Купувањето карти за авион, автобус или воз порано може да Ви заштеди многу пари. Цените вон сезона честопати се и пониски, па затоа советот тука гласи: Истражете ги достапните датуми и понуди од различни агенции за да ги пронајдете најдобрите понуди.
Избегнувајте купување на бензински пумпи
Ако патувате со автобус, избегнувајте купување храна и пијалаци на бензински пумпи. Според познавачите, цените во тие објекти се значително повисоки отколку во обичните продавници, пишува порталот „Кликс“.
Секогаш обезбедете патничко осигурување
Многу туристички агенции нудат осигурување по прифатливи цени. Патничкото осигурување е важно зашто може да Ви заштеди пари во случај на непредвидени проблеми, како несреќа, повреда или болест во странство.
Избегнувајте скапи кафулиња
За тоа може да се информирате и на интернет. Ова ќе значи поголемо опуштено уживање со „дневната доза“ топол напиток или ладен пијалак, а значително ќе ги намали Вашите трошоци.
Истражете ги околните ресторани и брзата храна
И јадењето во рестораните може да биде скапо, но има прифатливи опции. Совет: Дознајте онлајн и за гостилниците и киосците за брза храна каде што може да се јаде квалитетно и евтино.
Гответе сами
Ако престојувате подолго во изнајмен стан или соба, купувајте храна и пиење во блиските продавници, па подготвувајте си ги оброците сами. Ова ќе Ви заштеди пари коишто нема да отидат во ресторани, кафулиња и за брза храна.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: МВР засилено работи на откривање на подметнувачите на пожарите
-
Тошкоски: За една недела се палат сите отпади и депонии околу Скопје
-
СДСМ: На Мицкоски не може да му се верува
-
Безбедноста на посетителите приоритет за претстојната „Штипска пастрмалијада“
-
Не запира рибокрадството
-
Преглед на вестите од светот
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес