Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
Советот на Град Скопје не даде зелено светло за нов возен ред на градските автобуси. Директорот на ЈСП убедуваше дека со измените граѓаните ќе добијат поквалитетна услуга.
Советникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски, рече дека ако се донесе ваква одлука автобуските од приградските населби ќе бидат поретки и затоа нема да ја поддржат.
Од друга страна, пак, Љубица Јанчева од СДСМ кажа дека со измените информативните табли на постојките ќе бидат точни и граѓаните нема да чекаат автобус со часови.
„За“ гласаа само 14 советника, па откако предлогот не беше усвоен, градоначалничката Арсовска побара во записник да влезе кој гласал, а кој не.
Мнозинство од советниците и денеска не дадоа согласност ниту за воведување на БРТ, ниту за задолжување за набавка на еко автобуси.
Во саботата автобус на ЈСП се запaли и изгоре во Сопиште. За среќа никој не беше повреден. Во последните неколку месеци често се случува автобус на ЈСП да се расипе или запали на сред пат. Посериозен инцидент се случи минатото лето кога автобус се заби во жардиниера, а возачот кажа дека изгубил контрола бидејќи му се закочил воланот.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар
