Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
Советот на јавни обвинители на денешната седница одлучи да внесе на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација.
Кети Петкова, која е еден од членовите на Работна група за изготвување на Предлог законот за Советот на јавни обвинители, на денешната 26 седница ги информираше членовите на Советот на предлог на Владата пристигнала алтернатива за депрофесионализација на Светот, на кој се спротивставиле во рамки на работната група, но таквиот предлог веќе е закачен на ЕНЕР.
-Ние се спротивставиме на предлогот, посочувајќи дека таква нагла промена не е можна без подетална анализа за последиците. Меѓутоа Владата инсистираше на три члена да се стават алтернативи - Членовите 3, 7 и 12. Со предлогот не се согласи Работната група, но таквиот предлог Закон е закачен на ЕНЕР. Сметам дека како Совет треба да излеземе со заклучок и дадеме забелешка дека не треба да се прифатат овие алтернативи за депрофесионализација, изјави Петкова.
Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, која исто така е член на Работната група за изработка на Предлог законот за Совет на ЈО, рече дека најголем дел од членовите на Работната група, освен од Министерството за правда барале да се стави дека овие алтернативи во Предлог законот не се на Работната група.
-Не сме против ништо, но сметам дека само со три члена не се носи издржана реформа. Бараме законско решение што ќе биде применливо, а не да носи конфузија, изјави Димитриеска.
Членот на Советот на ЈО Ардиан Демири, во дебатата по предлогот на денешната седница, рече дека иако само малку го разгледал предлогот, смета дека има и други моменти кои се битни и треба да се реагира.
-Едниот момент е тоа што се дозволува кандидати кои се бираат од Собранието преку еден мандат. Друг момент е иницијатива за престанок на мандат на член на Совет избран од Собранието со мнозинство со што се дава голема моќ на Државниот ЈО за интервенирање. Тоа е мое мислење и сметам дека треба да реагираме и на тоа, рече Демири.
Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на ЕНЕР е поставен на 20 мај годинава и се уште е отворен за коментирање.
Со алтернативата на Член 3 се изостава став 4 кој гласи дека „Функцијата член на Советот е неспојлива со членување во политичка партија или со вршење на друга јавна функција и професија“, додека предложената алтернатива на Член 7 предвидува бришење на став три од членот кој гласи „На избраните членови на Советот од редот на јавните обвинители, додека им трае мандатот во Советот, им мирува функцијата јавен обвинител.“. Член 12 се однесува на случаи за изземање на член на Советот.
Ново на Сител
-
Амандманската комисиска расправа за ребалансот на буџетот почнува в понеделник
-
Во мај за работите на коридорите 8 и 10д исплатени 681.026.665 денари
-
Поднесено обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија и неговиот човек од доверба за примање поткуп
-
Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар
-
Повредени 47 лица во судир на два градски автобуси во јужно предградие на Атина
-
Претрес во дом на полициски службеник од СВР Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово