Советот на ЈО по повикот од Филков: Надзорот во случајот Груби е на повисокото обвинителство, немаме надлежност во оваа фаза

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавни обвинители на РСМ, по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби.
Советот на ЈО, во соопштение објавено на својата веб страница, посочува дека согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот.
-Во интерес на транспарентноста на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а по повод јавната прозивка од министерот за правда на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, ја информираме јавноста дека Советот во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, а согласно член 28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство е тој што го врши надзорот – стои во соопштението од Советот на јавни обвинители.
Министерот за правда Филков, завчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.
На почетокот на неделата поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се сомничи за криминал од осум милиони евра преку нарачка на ВЛТ-апарати во „Државната лотарија“, по 14 месеци бегство беше уапсен на граничниот премин Блаце по што доби мерка 30-дневен куќен притвор со 24-часовен надзор по одлука на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот
-

Уапсен 72-годишник од Валандово за физички напад врз сопругата и поседување огнено оружје и муниција
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мундијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
