-->
-->
СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-->

Алжир утрово го победи Јордан со 2:1 во натпревар од второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра на стадионот „Левис“ во Санта Клара.
Низан Ал-Рашдан, го отвори резултатот во 36. минута за водсво на Јордан. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. Во второто полувреме, Алжир постигна два гола преку Амин Гуири и Надир Бенбуали.
Во Ј-групата, Аргентина е прва со максимални шест бода, Австриај и Алжир имаат по три, Јордан е последен без освоен бод.
Во третото коло, Јордан ќе се соочи со Аргентина, а Алжир ќе игра против Австрија. Двата натпревари ќе се играат на 28 јуни.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
