СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор

„Тешко е да се опише чувството, но ова е чиста радост. Имаме уште еден чекор и ќе се обидеме да го изодиме“, изјави шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте по синоќешниот триумф над Франција од 2-0 и пласманот на Шпанија во финалето на Светското првенство.
Шпанските фудбалери во целост ја надиграа Франција во полуфиналето во Далас, триумфирајќи го головите на Микел Ојарзабал во 22 минута од пенал и Педро Поро во 58 минута.
„Да се биде во финалето на Светското првенство е луксуз резервиран само за избраните и сето тоа морате да го апсорбирате. Кога почнавме со идејата пред речиси четири години, се држевме до неа и тоа е она што нè донесе тука“, посочи шпанскиот селектор.
Противник на Шпанија во неделното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел во кој вечерва во Атланта ќе играат актуелниот светски првак Аргентина и Англија.
„Оваа група играчи е исклучителна. Сакаме да продолжиме, да бидеме уште подобри. Имаме уште еден чекор и ќе се обидеме да го постигнеме она што го сакаме“, порача Де ла Фуенте.
МИА
Ново на Сител
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
-

Се воведуваат нови мерки и поддршка за граѓаните да се откажат од цигарите
