СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето

Едно лице го загуби животот во северна Франција измината ноќ откако падна од камион за време на славјето по победата на Франција над Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство.
Според медиумските извештаи, 17-годишно девојче починало откако падна од камион на кој се качила за да го прослави пласманот на Франција во полуфиналето.
Девојчето се наоѓало на задниот дел од камионот кога „паднала и била прегазена од возилото“, соопштија од пожарникарската служба, додавајќи оти лицето починала на местото на несреќата.
Француските навивачи, исто така, ја славеа победата на својата репрезентација и во центарот на Лондон, каде се судрија со британската полиција, при што еден полицаец беше повреден, соопштија официјални лица.
Полицијата наведе дека инцидентите се случиле на главната сообраќајница североисточно од Хајд Парк.
На снимките што кружат на социјалните мрежи може да се види како насобраните луѓе фрлаат предмети кон полицајците.
„Еден полицаец е повреден, а четири лица се уапсени по немирите на Еџвер Роуд“, објави лондонската полиција.
MIA
Ново на Сител
-

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“
-

Администрацијата на Трамп привремено ги суспендираше термините за визи ширум светот
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
