СП 2026: Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо по натпреварот против ДР Конго

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ го критикуваше капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, за грешка во 68. минута од натпреварот на Светското првенство во 2026 година против ДР Конго (1:1). Португалскиот напаѓач не му ја остави топката на својот соиграч туку се одлучи на тежок удар кој заврши крај стативата.
– Обично, како напаѓач, се движите од една статива на друга за да привлечете дефанзивец со себе и да создадете простор за вашиот соиграч. Очигледно, Кристијано, направи погрешен избор во тој момент, рече Ибрахимовиќ за Фокс.
Четириесет и едногодишниот Роналдо го одигра целиот натпревар и не успеа да постигне гол.
Португалија и Демократска Република Конго имаат по еден бод во К-групата, Колумбија е лидер со три, Узбекистан е без освоен бод.
Во второто коло Португалија ќе игра против Узбекистан на 23 јуни.
МИА
Ново на Сител
-

Може ли најсиромашните да бидат поштедени од поскапувањето на струјата и парното?
-

Клековски го осуди нападот врз екипата на Брза помош и рече дека невозможно е да има секаде физичко обезбедување
-

СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2027 ќе донесе економски раст
-

Битиќи: Власта не ги прифаќа нашите амандмани
-

Левица со предлог измени на Законот за урбанистичко планирање
-

Докторите бараат обезбедување
-

Секој втор Македонец пуши цигари
