СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година.
„Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта.
Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во последните минути и во неделното финале против Шпанија ќе имаат можност да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар.
„Ужасно е да се загуби вака. Поради моите соиграчи, луѓето во стручниот штаб и навивачите. Мислам дека натпреварот од наша страна во голем дел беше добар. Меѓутоа, застанавме откако поведовме. Се обидовме да издржиме, но не успеавме. Во тие моменти тешко се справувавме со Аргентинците. Очигледно не бевме доволно добри за ова ниво. Дефинитивно се мачевме по нашето водство“, истакна Кејн.
Англија втор пат на последните три светски претрпе елиминација во полуфиналето и остана со една шампионска титула во историјата, освоена во 1966 година на домашен терен.
„Мислев дека сме подготвени да одиме до крај. Навистина верувавме во тоа. Повторно бевме блиску, но постојано ни недостасува нешто и тоа е факт“, заклучи Кејн.
Англија в сабота од 23 часот по средноевропско време во Мајами ќе игра против Франција во натпреварот за третото место.
МИА
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
