СП 2026: Мароко прв четвртфиналист

Во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал, Мароко вечерва ја совлада Канада во Хјустон со 3-0 и со убедлива победа го завери местото во четвртфиналето.
Мароканците, кои на последното Светско првенство 2022 во Катар го освоија третото место, пласманот во четвртфиналето го обезбедија со три гола во второто полувреме.
Воведните 45 минути донесоа претпазлива игра на двете репрезентации, без ниту една посериозна шанса за гол.
По само пет минути игра во второто полувреме, Азедин Унахи го доведе Мароко во водство, а истиот фудбалер во 82 минута ја удвои предноста на африканската репрезентација.
Печат на убедливиот триумф на Мароканците стави Рахими во завршните секунди од судиското продолжение.
Противник на Мароко во четвртфиналето ќе биде победникот од второто осминафинале во кое вечерва ќе играат Франција и Парагвај.
МИА
Ново на Сител
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е уценет
-

Мицкоски на „Македонија 2025“: Преку поврзување до економски раст
-

Дејвид Гета во Скопје за прославата на независноста
