СП 2026: Мароко прв четвртфиналист

Во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал, Мароко вечерва ја совлада Канада во Хјустон со 3-0 и со убедлива победа го завери местото во четвртфиналето.
Мароканците, кои на последното Светско првенство 2022 во Катар го освоија третото место, пласманот во четвртфиналето го обезбедија со три гола во второто полувреме.
Воведните 45 минути донесоа претпазлива игра на двете репрезентации, без ниту една посериозна шанса за гол.
По само пет минути игра во второто полувреме, Азедин Унахи го доведе Мароко во водство, а истиот фудбалер во 82 минута ја удвои предноста на африканската репрезентација.
Печат на убедливиот триумф на Мароканците стави Рахими во завршните секунди од судиското продолжение.
Противник на Мароко во четвртфиналето ќе биде победникот од второто осминафинале во кое вечерва ќе играат Франција и Парагвај.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
