СП 2026: Мароко прв четвртфиналист

Во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал, Мароко вечерва ја совлада Канада во Хјустон со 3-0 и со убедлива победа го завери местото во четвртфиналето.
Мароканците, кои на последното Светско првенство 2022 во Катар го освоија третото место, пласманот во четвртфиналето го обезбедија со три гола во второто полувреме.
Воведните 45 минути донесоа претпазлива игра на двете репрезентации, без ниту една посериозна шанса за гол.
По само пет минути игра во второто полувреме, Азедин Унахи го доведе Мароко во водство, а истиот фудбалер во 82 минута ја удвои предноста на африканската репрезентација.
Печат на убедливиот триумф на Мароканците стави Рахими во завршните секунди од судиското продолжение.
Противник на Мароко во четвртфиналето ќе биде победникот од второто осминафинале во кое вечерва ќе играат Франција и Парагвај.
МИА
Ново на Сител
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
-

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
