СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај

Соединетите Американски Држави не можеа да посакаат подобар почеток на Светското првенство, откако рано изутринава пред своите гледачи во Лос Анџелес го совладаа Парагвај со 4-1 во натпревар од групата Д.
Домаќините имаа одличен почеток, поведувајќи во седмата минута преку автогол на Дамијан Бобадиља. По половина час игра, веќе беше 2-0, а стрелец беше Балогун. Истиот играч го постигна и третиот гол во самиот финиш од првото полувреме, и со тоа стана првиот Американец од 1930 година кој постигнал два гола во првото полувреме на натпревар на Светското првенство.
Во второто полувреме, САД мирно ја задржа предноста. Парагвај го намали резултатот во 73. минута со голот на Маурисио, но Џовани Рејна длабоко во судиското продолжение стави печат на победата на Американците.
Во вториот натпревар од воведното коло во оваа група ќе играат Австралија и Турција.
миа
Ново на Сител
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
