Ракомет
15. January 2017 - 19:42

СП ракомет: Утре Македонија - Словенија (17.45ч)

акедонската ракометна репрезентација попладнево го одржа единствениот тренинг на слободниот ден за нашите играчи меѓу двете кола.
 
По двете стартни победи, следуваат дуелите со трите европски репрезентации во рамките од Б групата. За пласман во следната фаза е потребно да се освои барем еден бод на следните натпревари. Шанса за осминафинале имавме и денеска, но дуелот меѓу Исланд и Тунис заврши без победник 22:22, па двете селекции пред се Тунис останаа со шанса за осминафиналето бидејќи и двете до крајот ќе играат против Ангола.