СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи

Првото Светско фудбалско првенство во историјата со 48 репрезентации кое се одржува во САД, Мексико и Канада ги исполни очекувањата и донесе рекордна посетеност со вкупно 4.644.549 гледачи на стадионите на сите 72 натпревари во групната фаза, јави денеска агенцијата ДПА.
Мундијалскиот турнир со тоа го урна рекордот на посетеност на Светското првенство во 1994 година во САД, кое привлече околу 3,6 милиони гледачи, дури и пред почетокот на нокаут рундата. Сепак, со просечна посетеност од 64.508 гледачи по натпревар, овогодишното првенство сè уште го нема достигна нивото на турнирот во 1994 година.
Според ФИФА, СП2026 донесе и рекордна ефикасност со 215 постигнати голови во првата фаза од турнирот (72 натпревари), што е просек од околу три по натпревар. За споредба, на целото Светско првенство во 2022 година беа постигнати 172 гола. Но, во Катар беа одиграни само 64 натпревари, како и на сите мундијалски турнири од 1998 година.
Организаторите соопштија дека досега се продадени 2,8 милиони литри пиво и речиси еден милион шишиња вода.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
