Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, соопшти дека по обемни анализи за тоа како да се најде модел што ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, решението во врска со воведувањето на седумчасовно работно време е блиску, објави денеска „Вијести“.
Спајиќ најави дека на почетокот на следната недела, министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ, ќе води разговори во рамките на социјалниот дијалог со претставници на синдикатите и работодавачите, во кои, како што рече, ќе се дефинира конечната верзија на реформата.
– Намерата е преку широки консултации да се спроведе една од најголемите реформи во областа на трудот, која има за цел да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани и повеќе време за семејствата, но и поефикасна и попродуктивна работа. Токму на начинот на кој беа имплементирани програмите „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“ – со согласност и со работодавачите и со синдикатите – конкретни чекори, во случај на реформа на работното време од седум часа, ќе се преземат исклучиво со целосна поддршка од социјалните партнери, рече Спајиќ.
Тој изрази уверување дека министерката Нишиќ, во име на Владата, ќе направи се за да се постигне договор во оптимален рок со цел да се исполнат очекувањата на граѓаните и да се зајакне позицијата на сите вработени во Црна Гора.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
