Спасовски : Од исклучителна важност е унапредување на кој било од сегментите на кризно реагирање и укажување прва помош

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се обрати на промоцијата на развојната рамка на Црвениот крст на Република Северна Македонија „Трансформација 28”, на панел дискусијата на тема „Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби”.
Одговарајќи на прашање за важноста од соработката на МВР со граѓанскиот сектор во унапредување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, преку активности како што се првата помош, безбедноста во сообраќајот, крводарителството, дисеминација на хуманитарно право и подготвеност и дејствување при итни состојби, Спасовски рече дека од исклучителна важност е унапредување на кој било од сегментите на кризно реагирање и укажување на прва помош.
- Од аспект на работењето на Министерството за внатрешни работи, од исклучителна важност е унапредување на кој било од сегментите на кризно реагирање и укажување на прва помош, сегменти во кои што полицијата, по природата на своето работење и по основ на законските надлежности за постапување, честопати знае да се најде и во ситуација партнерски и синхронизирано да делува, вклучително и со организација како што е Црвениот крст. Впрочем тоа се точките што беа назначени во вашето прашање – пружањето на прва помош, безбедноста во сообраќајот, потоа крводарителството, или пак заедничката соработка во делот на миграциите односно спроведувањето на меѓународното хуманитарно право и слично. Сите овие погоре споменати елементи во својата основа имаат првенствено превентивен карактер – што бездруго е од огромно значење бидејќи со самото тоа се превенираат и последиците, рече министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
-

34-годишник физички ја нападнал сопругата и го искршил нејзиниот и телефонот на нивниот син
-

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба
-

Детето со убод во срце во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба
