Спасовски: Свети Климент има значаен придонес во создавањето на македонскиот јазик, култура и идентитет

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка до православните верници по повод Св. Климент Охридски – Чудотворец.

-Во мое лично име и во име на МВР, на сите православни верници упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски - Чудотворец, со желби за здравје, мир и хармонија.
Свети Климент, најистакнатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј, кој со својата верба и дела стана прв македонски епископ и творец на Охридската книжевна школа, е основоположникот на македонските писменост и култура. Трансформирајќи го Охрид во лулка на словенската писменост и култура, тој се грижел за негувањето и на самото христијанство на Балканот. Се претпоставува и дека тој е авторот на двете житија за Св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, во одбрана на правото на свој јазик, писменост и култура, напиша на Фејсбук Спасовски.
Оттаму, како што посочува Спасовски, Свети Климент има значаен придонес во историскиот континуитет на создавањето на македонскиот народ, македонскиот јазик и култура, секако, и на македонскиот идентитет.
-Неговите подвизи се трајно врежани во македонското културно наследство, но и во историјата, традицијата и културата на многу европски земји. А, ние, нашата обврска да ја афирмираме посебноста на македонскиот јазик и на неговото кирилско писмо во ООН и ЕУ, ја исполнивме, и го потврдивме македонскиот идентитет - остануваме доследни, сегашните и идните генерации, кон таа света обврска оставена во аманет од духовните лидери кои се вградиле во македонската и севкупната европска култура. И, секогаш на тој пат да бидеме инспирирани од Климентовите учења, со вербата во доброто, да ги негуваме највисоките цивилизациски вредности на хуманост и солидарност, наведува во честитката министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Зеленски: Заедно со Трамп му предложивме на Путин средба во САД, сега чекаме одговор
-

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат
-

Премиерот Мицкоски ќе објави нова инвестиција во ТИРЗ Тетово
-

Бразилец тренер на Чикаго Булс
-

СП 2026: Египет поведе, Белгија изедначи – дуелот заврши без победник
-

Јавна расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
-

Променливо облачно и топло, попладне можност за локален пороен дожд
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
