Свет
24. January 2026 - 14:02

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти

Спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција е во тек од рано утрово во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Икарија за пронаоѓање на четворица исчезнати мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба информираа дека акцијата е откако во конкретниот регион пристигнала група мигранти, а во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер на военото воздухопловство и приватен брод.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, група од околу 50 мигранти пристигнале во близина на островот, во карпест дел, а акција започнала откако спасените информирале дека четворица се исчезнати.

МИА