„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година

Месечевиот модул на американската вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) наиде на проблем и најверојатно не е подготвен за својата месечева мисија со луѓе најавена за во 2027 година.
Имено, проблемот е кај Системот за слетување со луѓе (ХЛС) е верзија на вселенско летало „Старшип“ (Starship), направено за пренос на астронаути меѓу орбитата на Месечината и нејзината површина, објави „Спејс њуз“ (Space News).
- Распоредот на ХЛС се соочува со значителни предизвици, а според нашата проценка, мисијата „Артемис 3“, за слетување на Месечината во 2027 година би можела значително да се одложи, изјави аналитичарот за безбедност на НАСА, Пол Хил, по обиколката на објектот „Старбејз“ на „Спејс-Икс“.
Главниот проблем е поврзан со криогениот пренос на гориво, бидејќи тимот на „Спејс-Икс“ сè уште нема начин да го наполни леталото со гориво во ниската Земјина Орбита пред тоа да се упати кон Месечината.
Можеби ќе ве интересира: „Прада“ креатор на вселенскиот костим од „Артемис 3“ на НАСА
Ова одложување доведе до шпекулации дека развојот на настаните би можел да ѝ даде предност на Кина околу мисиите со луѓе на Месечината. Кина, имено, разви свое месечево возило - „Ланјуе“, коешто би можело да слета на површината на Месечината до 2030 година.
Лансирањето на мисијата „Артемис 2“ е сè уште на распоред - за почетокот на 2026 година. Оваа мисија ќе испрати четири астронаути на патување околу Месечината, но не и на површината. Нема временска рамка кога американскиот тим ќе ги реши новонастанатите пречки со „Артемис 3“. Претседателката на „Спејс-Икс“, Гвин Шотвел неодамна изрази надеж дека „проектот нема да биде толку тежок како што некои инженери мислат“ дека би можел да биде.
Поминаа повеќе од 50 години откако американските астронаути, според наводите, последен пат стапнаа на површината на Месечината. Последната „Аполо“ мисија со човечки екипаж на нашиот природен сателит се случи во 1972 година.
MИА
Ново на Сител
-

Јустина Широка Пуља избрана за претседателка на Косово
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
-

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море
-

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
-

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании
-

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
