„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“

Компанијата „СпејсИкс“ успешно го прифати горниот сегмент на ракетата „Старшип“ на враќање на Земјата по пробниот лет во вселената.
Околу 20 часа по лансирањето, „Старшип“ се врати во вселенскиот центар „Старбејс“ во јужен Тексас, каде што механичките раце успешно го прифатија сегментот на лансирната рампа. Станува збор за прва успешна проба на компанијата на Илон Маск за таков начин на приземјување.
Претходно на истиот лет неупешна беше пробата за прифаќање на долиот степен на ракетата, што наместо да биде прифатен на лансиранта рампа, падна во морето и се запали.
Компанијата „СпејсИкс“ засега не ја соопшти можната причина за неуспехот. Долниот степен, познат како бустер „Супер хеви“, успешно беше фатен при три претходни пробни летови.
Горниот степен, наречен „Старшип“, влезе во орбитата на Земјата кратко по одвојувањето од засилувачот и распореди сателити за интернет-сервисот „Старлинк“ на компанијата. Потоа неколкупати ја обиколи Земјата.
При претходниот тест-лет во септември, „Старшип за првпат стигна до орбитата околу Земјата, по што изврши контролирано спуштање во Тихиот Океан.
Висок околу 120 метри,„ Старшип“ е најголемиот ракетен систем некогаш изграден, при што двата степена се дизајнирани за повеќекратна употреба.
НАСА планира да го користи Старшип за испраќање астронаути на Месечината, додека „СпејсЕкс“ се надева дека во иднина ќе стигне и до Марс.
МИА
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
-

„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
-

Променливо облачно со локален дожд, од понеделник пораст на температурите
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
