Спектакуларен концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди на плоштад Македонија

Светски познатиот тенор Хосе Карерас заедно со македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија синоќа одржаа спектакуларен концерт на плоштад „Македонија“ во рамки на прославата за 35 години независност на Македонија.
Покрај шпанскиот тенор настапија и Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Дешира Амети-Крлиу, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.
Публиката уживаше во речиси четиричасовниот концерт во кој легендарниот шпански тенор изведе две нумери заедно со Каролина Гочева и Калиопи и три пати го врати на бис.
Кулминација на вечерта беше заедничката изведба на песната „Едно име имаме“ на крајот од концертот на сите учесници заедно со маестро Карерас.
Концертот беше централен дел од богатата програма за одбележување 35 години независност на Македонија, која ќе финишира на 8 септември, на Денот на независноста со настап на славниот француски диџеј Давид Гета на стадионот “Тоше Проески“.
MИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
