СПМ: Фалбите и лагите на СДСМ и ДУИ за повисоки плати ги цениме како неодговорни
Социјалистичката партија на Македонија како неoдговорни ги цени фалбите и лагите на СДС и ДУИ дека граѓаните годинава ќе имаат повиски плати.
Споредбите што ги прави власта се манипулативни зошто се мери само номиналниот раст на парите, а не реалниот.
СДС и ДУИ не споредуваат за колку се пораснати цените на сите производи и со тоа драстично е опадната куповната моќ на граѓаните. Инфлацијата сериозно ги осиромаши граѓаните и тие со право се незадоволни и гневни на оваа влада.
Власта не спомнува, затоа што таа е виновна, што бројот на сиромашни е зголемен за нови 150.000 граѓани и достигна алармантни 600.000 сиромашни.
Овој драматичен раст на сиромаштијата е резултат на ниските плати и пензии со кои се фали власта со цел да ги лаже граѓаните колку убаво живеат.
Најниските плати и пензии во регионот се потврда на неколку годишното заостанување и пад на примањата на граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија бара од премиерот во заминување Ковачевски и од министрите да не ги манипулираат граѓаните со нивните неуспеси и со катастрофалните предавнички политики во сите домени на живеење инфантилно претставувајќи ги како лажни успеси.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
