СПМ: На 123 годишнината од погибијата во спомен на Гоце Делчев - Социјалистот и Апостолот на македонската слобода

Денес, на 4 мај, се поклонуваме пред ликот и делото на Гоце Делчев, чија жртва во с.Баница во 1903 година стана вечен симбол на македонскиот непокор, се наведува во соопштението од СПМ.
За нас Делчев не е само историска фигура; тој е социјалист, анархист и визионер кој веруваше во свет разбран како поле за културен натпревар меѓу народите. Неговата борба не беше само за територијална слобода, туку и за социјална правда и достоинство на секој човек, без разлика на вера и нација.
Ќе потсетиме на неговиот отпор кон великобугарскиот врховизам и обидите на монархиите да го искористат македонското движење за свои шовинистички цели, туѓи на македонскиот народ.
Оттаму, денес е неприфатлива трговијата со идентитетот и запоставувањето на потребите на современиот македонски граѓанин за сметка на лажен економски романтизам и празни и лицемерни ветувања повторно понудени од одродени поединци и политички партии.
За разлика од нив за нас социјалистите идеалите на Делчев имаат најнепосредна поврзаност со подоцнежната антифашистичка борба која ја воспостави Македонија според неговиот светоназор со што неговите идеали биле остварени во повоеното социјалистичко уредување.
Делчев беше револуционер кој ги обединуваше угнетените маси под знамето на автономна Македонија, градена врз принципите на единството и еднаквоста.
Неговата порака денес е поактуелна од било кога, борбата за слобода е нераскинливо поврзана со борбата против експлоатацијата и неправдата.
Гоце Делчев е нашиот историски поттик, паметник на македонската Организација, симбол на исконската идеја за Македонија и патоказ на борбата за Татковината која никогаш не престанува..
Вечна му слава!
Социјалистичка партија
на Македонија
Ново на Сител
-

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис со многу високо ниво на THC, пристигнати од Канада
-

Симовски: Дадовме солиден отпор против светскиот вицепрвак
-

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

ЕЦБ се очекува да ги зголеми каматните стапки бидејќи војната во Иран ја турка инфлацијата нагоре
-

Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина
-

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор и проширувањето на ЕУ
-

Сончево и топло, попладне со услови за локален пороен дожд
