СПМ: Османи е постојано активен во смислувањето идеи како да и наштети на државата

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека кандидатот за претседател и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи е постојано активен во смислувањето идеи како да и наштети на државата.
Свесен дека е на заминување и веројатно никогаш нема да може да биде на функцијата што ја врши, Османи предлага промени кои се неприфатливи и непристојни.
Неговите напори за напуштање на процесот Отворен Балкан за да немало влијание од соседите врз Македонија е целосно спротивставување на интересите на државите, бизнисот и на граѓаните од регионот.
Османи заедно со СДС направија многу за рушење на угледот на Македонија на меѓународен план, Наместо поврзување Османи се залага за подредување на Македонија под други држави и за формирање на бордови како надворешни институции кои ќе бидат управувачи и губернатори со државата.
Заслугата на Османи е што го зајакна антимакедонизмот кај бугарската политичка елита и ги сруши мостовите меѓу соседни народи. Ги прифаќа бугарските империјални уцени и лажно ветува дека Уставот ќе се смени за да се формира нова влада после изборите што е надвор од здравиот разум.
Непознавањето на надворешната политка овој залутан абдоминален хируг го прави целосно несоодветен и погрешен избор за функцијата што ја врши. Служејќи на разни геополитички интереси, а против македонските, Османи станува уште повеќе недораснат за функцијата претседател за која конкурура со смешни тези и предлози.
Социјалистичката партија на Македонија со индигнација ги отфрла целосно погрешните идеи на Османи и им укажува на граѓаните дека гласови за него се гласови за криминалната банда на СДС и ДУИ и нивно натамошно тоталитарно владеење „како и до сега“.
Единствено решение е избор на кандидатите на Коалицијата „Твоја Македонија“ кои се вистински застапници и бранители на македонските интереси.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-

Сообраќајот по претежно влажни коловози, проодни сите патни правци
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
