СПМ: Разумно е барањето за укинување на техничка влада
Социјалистичката партија на Македонија смета дека барањето на опозицијата за укинување на техничката влада е разумно, но не и Ковачевски и СДС, премиерот во заложништво и со киднапирана партија од ДУИ како актуелен принуден управувител со спротивни интереси од сите останати.
Дополнително, индиспонираниот Ковачевски како лош возач правдајќи се со некаков непостигнат консензус, непромислено се поставува над законот зборувјќи за некаква важечка понуда за опозициското техничко учество што оддамна, пред да го зариба владиниот автомобил, е консензуално дефинирано.
Најавената лидерска средба е можност за постигнување на некаков компромис но навикнати на условувања и уценувања СДС и ДУИ не сакаат измени за кои ценат дека не се од нивни интерес.
Датумите за претседателските и парламентарните избори и за измените на Изборниот законик лесно може да се усогласат, не според, желбите, толкувањето и наративот на Ковачевски туку единствено во согласност со законски и уставно предвидените рокови и според препораките на меѓународните организации.
Меѓутоа, очекувањето на СДС и ДУИ за отварање на темата за измените на Уставот, левантински затскриено зад точката за евроинтеграциите, за опозицијата е затворено прашање за кое нема зошто да се разговара.
Социјалистичката партија на Македонија повеќе пати пред јавноста отворено ги објасни причините за одбивањето на уставните измени со конкретно посочување на неспособната апатридна влада како единствен виновник за блокадата на евроинтегративниот процес, за непочитувањето на собраниската Резолуција и за отстапувањето од црвените линии на македонските национални и државни интереси. Доколку има потреба истите ќе бидат повторени.
Исто така, канцерот со корупцијата и криминалот на власта дополнително ја оддалечија Македонија од вистинското започнување на преговорите за членство во ЕУ.
Социјалистичката партија на Македонија како сериозна тема за консензус го смета обезбедувањето на демократски процес и мирен предизборен амбиент што во демократските општества е примарна задача на власта, но и на останатите учесници во изборните процеси со задолжително прифаќање на резултатите од изборите.
Социјалистичка партија на Македонија (СПМ)
Ново на Сител
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време
-
Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина
-
Британски научници тврдат дека Аспиринот го спречува ширењето на ракот